ПОВЕЌЕ

    „СКОПСКИ ПАЗАР“ ГО ЗАОКРУЖИ НА 90.000 БРОЈОТ НА АКЦИИ ОД „Македонијатурист“

    Време зa читање: 2 минути

    Во четири дена – пет објави за случени промени во сопственоста на „Македонијатурист“. Повторно „Скопски пазар“ и „М.Г. Фешн“ се подновиле со нови количини ации, а овојпат, информација со таква содржина има и за „Чезакомерц“.

    Со последно купените 186 акции, најголемиот акционер поседува 19,9 проценти.

    „Известуваме дека акционерот Скопски пазар акционерско друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје купи дополнителни 186 акции и сега поседува 90.000 акции односно 19,90% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД“, преку Македонска берза соопштија од хотелско-угостителската компанија .

    „М.Г. Фешн“ сопственоста ја подигна до 11,4 проценти, обезбедени со 51.577 акции што ги има во моментот. Во информацијата пишува дека „Друштво за трговија, производство и услуги М.Г. Фешн доо увоз-извоз Скопје купи дополнителни 432 акции и сега поседува 51.577 акции односно 11,40%…“.

    Во новата структура на „Македонијатурист“ најнизок е процентот што е во посед на „Чезакомерц“, фирма која се сткнала со 16 нови акции:

    „…Акционерот Друштво за внатрешен и надворешен промет Чезакомерц Симеон Роберто и Виктор доо Скопје купи дополнителни 16 акции и сега поседува 28.691 акции односно 6,34%“, наведено е во објавата од „Македонијатурист“.

    Претходно, на 28 јануари инвеститорската јавност беше информирана дека „Скопски пазар“ купи 450, а „М.Г. Фешн“ 233 акции.

    Интересот за акциите на компанијата се согледува преку берзанските активности. Во текот на последната работна недела забележани се три блок-трансакции, од кои најголема е таа од 30 јануари. Од страна на познат(и) купувач(и) платени се 140 илјади евра за 859 акции. Чија единечна цена е 10 илјади денари.

    На официјалниот пазар во петокот, просечната вредност на акцијата била 10.600 денари. Истргувани се 233 акции со дневен промет од 2.469.810 денари или над 40 илјади евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично