ПОВЕЌЕ

    Скопје и Скопско лидери во рударење на Биткоин

    Време зa читање: 2 минути

    Каде се локациите на копачите на Биткоин во Македонија? Скопје и скопско се лидери за вакви актуелни непријавени бизниси со злоупотреба на електро дистрибутивната мрежа. ЕВН регистрирала активно копање биткоини во реонот на с. Љуботен, општина Арачиново, населба Сингелиќ, улица Дижонска во Чаир, улица Јајце во Гази Баба итн.

    -Имаме дојави дека копачите на биткоини ги сместуваат компјутерите и во напуштени селски куќи каде сметаат дека потешко ќе бидат откриени и нема да ја нарушат стабилноста во снабдувањето во соседството. И не би имало проблем доколку таквата потрошувачка е соодветна на мерното место каде мрежата што е дизајнирана за потребите на тоа корисничко место може да го поднесе зголемениот товар, и ако корисникот уредно ја плаќа потрошената електрична енергија. Но, најчесто, мрежата не е дизајнира за новосоздадената потрошувачка на струја при копање биткоини, а поединци се приклучуваат на диво за да ги избегнат големите трошоци за нивниот нов бизнис, потенцира Ленче Карпузовска, менаџер на Одделот за комуникации на ЕВН Македонија.

    Прочитај – ПАРИ ОТКРИВА: Кој и каде копа Биткоини во Македонија!? Се кријат во напуштени селски куќи и подруми

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично