ПОВЕЌЕ

    „СКОПЈЕ 2014“ ОТВОРА НОВИ ТРОШОЦИ: Албанска компанија бара отштета од 110 милиони долари

    Време зa читање: 2 минути

    Албанска компанија ја тужи Северна Македонија во Меѓународниот центар за разрешување спорови во Вашингтон, барајќи отштета од 110 милиони долари.

    „Станува збор за групацијата ‘Амадеус Груп’ во сопственост на Бесим Елшани и Елисабета Ѓони. Основата на спорот е изградбата на хотел и трговски центар во центарот на Скопје. Според тужбата, проектот е закочен, а компанијата од владата на Северна Македонија бара отштета од 110 милиони евра“, пишува Shqiptarja.com (Шќиптарја) повикувајќи се на Oligarkia.al.

    Истиот извор наведува дека во 2014 година владата во Скопје започна „агресивна програма за обнова на главниот град со згради во класичен барокен стил за да се истакне историјата на земјата“.

    „Програмата чинела најмалку 650 милиони евра од државниот буџет, додека приватните компании биле ориентирани да градат по овој стил. Истата година, албанската компанија ‘Амадеус Груп’ преку договор купила парцела во центарот на Скопје од владата на Северна Македонија, каде што требало да изгради хотел во барокен стил висок 16 метри, но очигледно страните не успеаја да го реализира проектот поради спорови“, стои во написот.

    Во Албанија, „Амадеус Груп“ е сопственик на познатата зграда Амадеус Палас, на местото наречено клучката на Ринаси. За оваа зграда, која со години е нефункционална, имаше неколку обиди да се претвори во хотел и казино.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично