ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка до студентите: Правила за подигнување на наменските Visa картички

    Време зa читање: 2 минути

    Квалификуваните студенти за субвенциониран студентски оброк можат да ја подигнат картичката согласно дефинираниот распоред на банката поделен по различни датуми и различни градови низ државата, информираат од Шпаркасе Банка. Во претстојниот период ќе добијат и SMS известување за точното време и место на подигнување на картичките.

    Воедно, од Банката потсетуваат за важните чекори кои мора да се комплетираат пред да се подигне картичката.

    „Најдоцна 24 часа пред подигнување на студентската Visa картичка секој квалификуван студент мора да биде регистриран на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка и да ги ажурира своите податоци, https://netbanking.mk/studentPortal. Со ажурирањето на податоците во склоп на втората фаза, се преминува кон брзо и непречено комплетирање на сите законски процеси со цел издавање на картичката и нејзино подигнување“, наведуваат од Банката.

    Шпаркасе Банка, на сите студенти кои аплицирале за користење на субвенциониран студентски оброк им овозможува користење на бесплатен Vibe on пакет за млади кој вклучува бројни придобивки. Со него е овозможено бесплатно отворање и одржување на платежна сметка, бесплатно добивање и користење на платежна картичка, бесплатно S-Banka мобилно банкарство преку кое може да се плаќа во движење, да се следи состојбата на сметката, да се подигнуваат средства од АТМ без провизија на сите АТМ-и на ниво во Групацијата, без разлика каде и да се наоѓа студентот. По навршување на 25 години и/или губење на статусот студент, овој бесплатен пакет за млади, автоматски преминува во редовен S-пакет, дел од тековната понуда на Банката.

    За сите прашања или дополнителни информации поврзани со наменската студентска Visa картичка за субвенциониран студентски оброк, студентите можат да се обратат на [email protected], или на https://sparkasse.mk, како и на телефонскиот број 02/308-7360.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично