
Комерцијална банка додели јубилејни признанија и парични награди на 26 вработени кои одбележуваат 15 години работа во Банката. Наградите традиционално се доделуваат по повод Денот на штедењето, како признание за долгогодишната посветеност и придонесот на вработените во развојот и успешното работење на Банката.

Од Комерцијална банка истакнуваат дека зад секој од овие јубилеи стојат години исполнети со професионални предизвици, стекнување нови знаења, важни одлуки и заеднички успеси.

Во Банката нагласуваат дека грижата за вработените подразбира не само вреднување на нивниот труд, туку и препознавање на индивидуалниот придонес и создавање работна средина што овозможува професионален развој и напредување.

Посебно значење за Комерцијална банка има и фактот што дел од сегашните вработени се деца и внуци на поранешни вработени, со што се продолжува семејната традиција на професионална кариера во Банката.

Од Комерцијална банка им честитаа на вработените за 15-годишниот јубилеј, нагласувајќи дека посветеноста, меѓусебната доверба и заедничките вредности остануваат основа за понатамошниот развој на Банката.
Линк до целата фотогалерија [ ТУКА ]
Извор: kb.mk
Аналитика








