ПОВЕЌЕ

    Секој петти пензионер зема пензија меѓу 10.487 и 11.703 денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во септември бројот на пензионери изнесува 325 339 или статистиката избројала 298 пензионери помалку во однос на претходниот август месец (325 637).

    Досега ги анализиравме корисниците на највисоки пензии, но што се случува со пензионерите со најниски пензии?! Според податоците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување има три групи на пензионери според оствареното право.

    Корисници на најниските пензии на пензионери што оствариле право на пензија до крајот на 1996 година. Нивниот број изнесува 11 209 и земаат пензија од 12.801 денари до 12,222 денари.

    Пензионерите со право на пензија остварено од први јануари 1997 година чиј број е 4 611. Оваа е најмала група од пензионери со најниска пензија и нивните пензии се движат од 11.146 до 9.986 денари.

    И најголемата група, корисниците на пензии остварени од први јануари 2002 година. Нивниот број изнесува 64 219. Овие пензионери кои што претставуваат петина од вкупниот број на пензионери земаат пензии во висина од 10.487 до 11.703 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично