ПОВЕЌЕ

    Се формира БУМ – Берза и успешните во Македонија: Акциите се валута на сопствениците

    Време зa читање: 5 минути

    Целта е фирмите да ги надживеат основачите и сопствениците преку влез на свеж капитал, кој ќе обезбеди развој, а на успешните бизнисмени ќе им се вреднува и материјализира минатиот труд. Клубот е можност за сите што имаат верба во потенцијалот што го поседува пазарот на капиталот

     Македонска берза го промовира БУМ или Берза и успешните во Македонија. Клуб кој ќе ги обедини потврдените сопственици и менаџери на претпријатијата кои имаат верба во потенцијалот што го поседува пазарот на капитал. Реализацијата на овој проект, а воедно и организатори се Македонска берза АД Скопје и PWC North Macedonia, а нивен партнер во овој проект е Сојузот на стопански комори.

    Целта е на едно место да се соберат избраните и успешни компании, кои ќе се финансираат на Берзата. А, за тоа е потребно да се донесе стратешка одлука“, нагласи Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза, промовирајќи го овој значаен новитет.

    Бенефитите што ги нуди излегувањето на Берза се двојни. Се обезбедува капитал за развој на фирмата и освен тоа, како што рече Штериев, кеширање на минатиот труд на успешните бизнисмени. Ова е огромна можност – со приливот на свеж капитал компанијата да ги надживее сопствениците и да остане за следните генерации.

    Акциите се валута на сопствениците – за нивно лично богатство, за најдобрите и најлојални вработени, за развој на фирмата. Време е да се излезе на Берза“, порача Штериев, додавајќи дека аплицирањето за БУМ почнува – веднаш.

    БУМ ќе почне да функционира од септември. Членовите ќе добиваат корисни информации, ќе бидат подготвени за законските новини, за нови емисии. За оние што ќе аплицираат до август, преку УСАИД целосно ќе им бидат финансирани сите подготовки што треба да се направат за да се излезе на Берза.

    Дадовме поддршка на БУМ затоа што може многу да се направи. Од тука можат да произлезат многу успешни приказни. Ќе успееме заедно. Тука сме да помогнеме. Имаме презентери кои ќе ги пренесат искуствата од блиското опкружување. Ова е голем ден и се надевам дека ќе има вистински БУМ во вашите организации“, потенцира Драган Давитков, директор на PWC North Macedonia.

    ССМ секогаш ги поддржува добрите идеи и позитивните чекори, затоа што е предвесник на позитивните промени. Го поддржуваме создавањето на БУМ, зашто пред се, Македонската берзата е еден од основните постулати за самостојноста на државата. Сега е вистинското време да ги охрабриме сопствениците. Се надевам на успешна заедничка работа“, порача Трајан Ангелоски, претседателот на Сојузот на стопанските комори.

    Клубот ќе обезбеди структурна, повеќеканална и стратешка  поддршка на компаниите, наведе Каролина Каровска, раководител на Оддел за промоција, едукација и развој во рамки на Македонска берза.

    Ќе го поддржиме долгорочниот развој на компаниите со нова можност, пазарно финансирање на бизнисите. БУМ ќе обезбеди комуникација меѓу нив. Но, и вмрежување со партнерите на клубот и со регионалните компании“, појасни Каровска, укажувајќи дека идејата за формирање на Берза и успешните во Македонија ја добиле од практиките во Велика Британија, Германија, Грција…

    Клубот ќе настојува да помогне во поврзувањето на инвеститорите и компаниите членки, во нивните обиди за финансирање на сегашните или идни деловни идеи и проекти, и тоа преку   пазарот на капитал. Замислата е клубот да е од затворен тип, во кој ќе членуваат високопрофилрани сопственици на и врвни менаџери. Ќе се одржуваат квартални средби, но и почесто, по барање на членовите.

    Официјалниот старт ќе биде во септември. Апликациите за членство ќе ги разгледува комисија, според критериумите како што се капитал, број на вработени, планови за развој…“, наведе Каровска.

    Клубот отвора нови можности. Во неговите рамки ќе се дискутираат главните теми, како што се предностите од финансирање на пазарот на капитал и излез на Берзата, упати Иван Мишев од Адвокатското друштво Папазоски и Мишев.

    Ќе се разговара и ќе се објаснат новите можности за олеснета котација на Берза. За доброто корпоративно управување, планирањето на добрите европски искуства, за пренесување на фирмите на идните генерации… Ќе разговараме за издавање сопственички удели на клучните вработени, затоа што тешко се доаѓа до квалитетен кадар. Исто така, и за алтернативните извори за финансирање. Но, да не се поврзани со класичното банкарско кредитирање. Заеднички да ги идентификуваме тие инструменти“, наведе Мишев, укажувајќи дека сето тоа ќе се одвива низ практични вежби и дискусии.

    Како показ како тоа ќе изгледа, на присутните својата успешна приказна им ја претстави Никола Дујмовиќ, еден од основачите и извршен директор на СПАН, првата хрватска LИТ компанија која пред две години излезе на Загребската берза и веќе е составен дел на нејзиниот главен акциски индекс CROBEX. На почетокот тоа била мала фирма, а денес има 900 вработени, работи со 12 земји од светот, нивни клиенти се и McDonald’s и Starbucks, а полн погодок е постигнат со излегувањето на Берза.

    Сакавме да направиме фирмата да не надживее. Да не му се случи на СПАН судбината на една позната и успешна хрватска компанија – три години по заминувањто на основачите во пензија, компанијата речиси замре. Потоа, за мали пари го продадоа само брендот“, посочи Дујмовиќ, кој нагласи дека предуслови за успех се тврдоглавоста и умот.

    Како што објасни, излегувањето на Берза е одлична можност, но претходно треба да се одработи. Прво и основно, рече, се треба да е легално, и приходите и трошоците. Затоа што се влегува во нова сфера, во која понатаму инвеститорите го имаат главнот збор. Затоа, наместо совет, пред присутните ги цитираше зборовите на Абрахам Линколн: „Најдобар начин да ја предвидиш иднината е самиот да ја изградиш“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично