ПОВЕЌЕ

    Ревизорите резервирани за вистинитоста на финансиските извештаи на Министерството за финансии

    Време зa читање: 2 минути

    Ревизорите не се сигурни во вистинитоста на извештаите за 2021 година од Министерството за финансии. Ова произлегува од извештајот на Државниот завод за ревизија, каде што е наведено дека резерва постои во однос на „вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи“, а дадено е „мислење без резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики“.

    Воедно, во резимето се посочува:

    „Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, констатиравме дека пописот на средствата не е извршен целосно согласно со Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници, во делот на пописот на постојаните средства и ситниот инвентар, како и во делот на усогласување на фактички утврдената состојба со сметководствена евиденција на средствата. За утврдената состојба дадена е препорака до одговорните лица во МФ со цел преземање мерки за надминување“.

    Исто така, со ревизијата на финансиските извештаи и со ревизијата на усогласеност, констатирано е дека е извршено осигурување на дел од недвижниот имот и опрема со кои располага Министерството, земјиштето, како и дел од објектите за кое финансии има стекнато право на трајно користење, но не се сметководствено евидентирани. А, пак, 35 објекти за кои Министерството има обезбедено имотни листови сметководствено се евидентирани без вредност, поради необезбедена документација за утврдување на вредноста, пописот на средствата, побарувањата и обврските не е целосно извршен, а во дел од постапките за јавни набавки, предметот на набавка не е утврден како делив заради обезбедување на целосна конкуренција, наведено е во извештајот на ДЗР.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично