РЕКОА ЗА ПАРИТЕ… ЕДНА МУДРА ИЗРЕКА ЗА ПАРИТЕ СЕКОЈА НЕДЕЛА
„МНОГУ ЛУЃЕ НЕ СЕ ГРИЖАТ ЗА СВОИТЕ ПАРИ ДОДЕКА НЕ ГИ ИСТРОШАТ, ДРУГИ ГО ПРАВАТ ИСТОТО СО СВОЕТО ВРЕМЕ!“ – Јохан Волфганг фон Гете
Јохан Волфганг фон Гете (Johann Wolfgang von Goethe) (28 август 1749 година – 22 март 1832 година), германски романописец, поет, драматург, хуманист, научник, филозоф и десет години премиер на војводството Вајмар.
Гете бил една од клучните фигури на германската литература и движењето Вајмарски класицизам во доцниот 18 и раниот 19 век.
Влијанието на Гете се ширело низ Европа и за време на следниот век неговата работа била примарен извор на инспирација во музиката, драмата, поетиката и филозофијата
Денес, Гете се смета за класик на германската и светската книжевност, а за него писателот Клингер рекол: „Потомството ќе се чуди дека постоел таков човек“. Слично на тоа, Мартини изјавил: „Колку поголемо станува временското растојание, толку повеќе се зголемува свеста за Гетеовата универзалност, за сеопфатниот и не само од боговите подарениот, туку макотрпно здобиениот интегритет на овој живот.“
Повеќе МУДРИ ИЗРЕКИ слични на оваа изрека за парите и времето можете да најдете во категоријата ЕСПРЕСО.