ПОВЕЌЕ

    Расте продажбата на автомобили во ЕУ: Електричните возила – прв избор

    Време зa читање: 2 минути

    Секое петто возил од новопродадените во Европската унија во август било целосно електрично. Продажбата на модели со нулта емисија се зголемила повеќе од двојно, покажуваат податоците на Европското здружение на производители на автомобили – ACEA.

    Во структурата на продажбата, целосно електричните модели се со 21 процент. И, во август првпат зафаќаат повеќе од една петтина од вкупната продажба, наведуваат од ACEA.

    Во првите осум месеци од годинава, во ЕУ се продадени речиси еден милион целосно електрични возила.

    Севкупно, продажбата во Унијата забележала раст од 21 насто во август, кој вообичаено е месец кога купувачите не пројавуваат голем интерес за нови автомобили. Но, сега, август го означува тринаесеттиот месец по ред на континуиран раст на продажбата. Што оди во прилог на опоравувањето на автомобилската индустрија по периодот на пандемијата, во кој се соочи со големи проблеми, особено во синџирот на снабдување.

    Во споредба со податоците од август 2022, продажбата на електрични автомобили се зголемила повеќе од двојно – на 165.165 единици.

    Моделите со внатрешно согорување во августовската продажба имаат удел помал од 50 отсто. Плуг-ин-хибридите, кои се состојат од мотор и од батерија што се полни, зафаќаат 7,4, додека целосните хибриди – со поголема батерија што се полни од моторот – 23,9 проценти од продажбата.

    Дизел моделите учествувале со само 12,5 отсто од продажбата. Како потсетување, во 2015 година се работело за нивна доминација со повеќе од 50 проценти во продажбата на нови автомобили.

    Најголемиот европски продавач на автомобили – Volkswagen (VOWG_p.DE), забележа зголемување на продажбата од 21,2 насто во август, објави ACEA. Кај Stellantis (STLAM.MI) и Renault (RENA.PA) растот на продажбата е за 6,4, односно за 22,3 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично