ПОВЕЌЕ

    Како да имате успешни состаноци кога работите од далечина?

    Време зa читање: 2 минути

    zena rabota od doma lap top kauch kukja stan

    Иако е зачудувачки фактот што можеме да имаме виртуелна средба со луѓе на различни континенти, исто така може да биде и фрустрирачки. И овие фрустрации можат да влијаат на моралот, ангажманот, продуктивноста и иновациите во текот на работењето. Кога промените во начините на кои комуницираме, доведуваат до промени во начинот на кој другите ги перцепираат нашите комуникации, ова самото по себе повикува на нов пакет на протоколи и однесување. Еве неколку правила за комуникација со далечински тимови. Прво, јасната комуникација и доследноста се клучни. Запомнете, не е можно премногу да комуницирате кога станува збор за далечинска работа. Комуникацијата е број еден. Освен ако не сте воспоставиле некоја кратенка претходно, не претпоставувајте дека другите ги разбираат вашите кратенки. 

    Одвојте дополнително време за да бидете јасни, без оглед на медиумот. Трето, не го бомбардирајте вашиот тим со пораки. Секој пат кога ќе испратите емаил, текст или повик, замислете дека физички одите во неговиот личен простор. Ако пратите емаил по текст и телефон, би било како да ја отворите вратата од нивната канцеларија неколку пати по ред. Не заборавајте дека голем дел од членовите на тимот се интровертни личности. Пред се, тоа се луѓе кои се навикнати да комуницираат во писмена форма. Најдете начини да се дружите од далечина за да ги зајакнете односите и да ја подобрите соработката. Дури и едноставна видео конференција која нема да биде од формален аспект, може да создаде емпатија. Предизвиците на оддалечените тимови нема да исчезнат, но креирањето на постојани правила, ритуали и протоколи е тоа што ќе изгради долгорочна успешна соработка. 

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично