Во јуни без работа останале над три илјади лица. Од Агенцијата за вработување велат дека тоа се лица на кои договорот за работа им завршил или останале без работа од други причини во месец мај или април. Сепак, надлежните велат дека на пазарот на труд има над осум илјади слободни работни места, најголем дел во услужниот сектор.
„Без работа во овој период во месец јуни се 3565 лица. Доколку некој останал без работа на 20-ти мај до 19-ти јуни има простор да се евидентира како невработено лице да поднесе барање на паричен надомест“, рече Билјана Јовановска, директорка на Агенцијата за вработување.
Инаку, официјалните податоци од Агенцијата за вработување се дека во мај годинава биле поделени најмногу откази. Над седум илјади лица се пријавиле како невработени. Во април тој број изнесувал шест илјади, додека две илјади во месец март.