ПОВЕЌЕ

    Повик за компании: Бесплатна експертска поддршка од канадски консултанти преку Битов програмата за претприемачи

    Време зa читање: 2 минути

    Македонија2025 објавува нов повик за учество во Битов програмата за претприемачи, наменета за македонски мали и средни компании кои сакаат да добијат бесплатна експертска поддршка, да го унапредат своето работење и да ги искористат можностите за понатамошен раст и развој.

    Преку програмата, избраните компании добиваат можност да соработуваат со искусни канадски консултанти кои имаат долгогодишно меѓународно и менаџерско искуство. Консултантите работат директно со компаниите во период од две до четири недели, обезбедувајќи практични препораки и поддршка во области како стратегија за раст, подобрување на бизнис процесите, продажба и маркетинг, развој на нови пазари, финансиско управување и организациски развој.

    Битов програмата за претприемачи се реализира со поддршка од семејството Битов и во партнерство со Catalyste+, канадска организација со повеќе од 50 години искуство во развој на приватниот сектор.

    Програмата е наменета за мали и средни компании кои постојат најмалку три години, имаат македонски сопственик и управител, стабилна финансиска состојба и капацитет да ги применат препораките од консултантите. Компаниите треба да имаат и лице со добро познавање на англиски јазик, кое директно ќе соработува со консултантот.

    Предност ќе имаат компании со извозна ориентација, иновативни производи или услуги и потенцијал за раст.

    Македонија2025 ги покрива трошоците за ангажманот на консултантите и нивното меѓународно патување до Македонија, додека компаниите учесници обезбедуваат сместување, оброци и локален транспорт, доколку е потребен.

    Детални информации за критериумите и начинот на аплицирање на повикот се достапни на следниот ЛИНК.

    Краен рок за аплицирање: 11.12.2026 година

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично