ПОВЕЌЕ

    Прослава за Светскиот ден на штедењето 2019

    Време зa читање: < 1 минутa

    Денес, со почеток во 11 часот Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување депозити по повод 31-октомври, Светскиот ден на штедењето, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, огранизираат соодветна прослава.

    Свое обраќање за значењето на штедењето ќе имаат претседателката на Македонската банкарска асоцијација д-р Маја Стевкова Штериева, министерката за финансии Нина Ангеловска, гувернерката на Народната банка д-р Анита Ангеловска Бежовска и директорот на Фондот за осигурување депозити Борче Хаџиев.

    На најдобрите службеници во изминатата година ќе им бидат доделени соодветни плакети. Свои моменти ќе имаат и учениците од основните и средни училишта и студентите, кои ќе бидат едуцирани за значењето на штедењето, а ќе биде промовиран и Европскиот квиз на парите, во кој минатата година имавме голем успех, освојувајќи го второто место на Стариот континент.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично