Кроациа осигурување АД преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Друштвото.
Соопштението на Кроациа осигурување/живот АД Скопје.:
„Во согласност со член 166-6 став 1 алинеја 4 од Законот за хартии од вредност, Ве информираме дека на Извршниот член на Одборот на директори г-ѓа Вилма Учета Дузлевска и престана функцијата поради поднесена оставка заклучно со 09.11.2019 година. За нов Извршен член на Одборот на директори е именувана г-ѓа Маја Станковска Костова, почнувајќи од 10.11.2019 година.
Допочнително, Ве информираме дека на г-дин Жељко Јукиќ му престана функцијата неизвршен член на Одбор на директори поради поднесена оставка заклучно со 18.10.2019 година.“
Новиот состав на Одборот на директори на Кроациа осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје е:
Маја Станковска Костова – Извршен член
Ванчо Бален – Неизвршен член
Матија Јурин – Неизвршен член
Огњен Блажевски – Независен неизвршен член