ПОВЕЌЕ

    ПРОЛЕТТА ЗАПОЧНА СО ПРОМОЦИИ И ПОНИСКИ КАМАТНИ СТАПКИ: Која банка нуди најевтин потрошувачки кредит?

    Време зa читање: 5 минути

    Потрошувачките кредити се најкористени од граѓаните за финансирање на нивните потреби. Иако каматната стапка на потрошувачките кредити расте од 2020 година наваму, сепак граѓаните не се откажуваат од овој банкарски производ.

    Имајќи го тоа предвид, и банките не се откажуваат од потрошувачките кредити, како едни од најистакнатите производи во нивната понуда. Вообичаено, напролет доаѓаат и со разни поволности и со пониски каматни стапки, со кои банките се натпреваруваат меѓу себе во привлекувањето што повеќе клиенти.

    Оваа пролет актуелни се понуди со фиксирани каматни стапки, без трошоци за аплицирање и со продолжен рок на отплата, кои се интересни за анализирање затоа што прават разлика во вкупните трошоци на кредитокорисникот. Во продолжение се сознанијата до кои дојде порталот „Пари“ преку анализата на банкарската понуда.

    Најхрабра понуда има ТТК банка со СМАРТ потрошувачкиот кредит со животно осигурување, кој моментално е со најниска каматна стапка на пазарот, од 5,00 насто фиксна за првите две години и 7,13 насто променлива за останатиот период на отплата. Без осигурување има фиксна камата од 5,20 насто за првите две години и 7,33 насто променлива за останатиот рок.

    Исто така ТТК Банка го нуди и ПРОМО ФИКС СМАРТ потрошувачкиот кредит со животно осигурување со 5,30 % фиксна годишна к.с. во целиот период од отплатата до 120 месеци.

    Следен е потрошувачкиот кредит од УНИ банка, кој е без трошоци за аплицирање до 30 јуни, а банката дава бонус од 1.000 денари за секој нов кредитокорисник. Во првите 2 години има фиксна каматна стапка со ризико осигурување од 5,3 насто, односно 5,8 насто без ризико осигурување. За останатиот период има фиксна камата од 7,3 насто.

    Халк банка им конкурира со промо потрошувачкиот кредит со фиксна каматна стапка од 5,4 насто за период од 10 години, кој задолжително бара полиса за осигурување.

    Шпаркасе банка го има С Плус потрошувачкиот кредит со фиксна каматна стапка од 5,4 насто, но само за првите две години, а потоа пресметува променлива каматна стапка од 7,16 насто. Понудата важи до 31 мај.

    Силк роуд банка, исто така, нуди потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,4 насто во првите две години, но во останатиот период е со променлива камата од 7,77 насто и бара полиса за осигурување.

    Стопанска банка – Скопје има фиксна каматна стапка од 5,2 насто во првите две години за потрошувачкиот кредит до 1.500.000 денари, односно до 25.000 евра, но за останатиот период пресметува променливи каматни стапки коишто се движат од 10,7 до 12,89 насто. Кредитот мора да биде обезбеден со полиса за осигурување од незгода, а во промотивниот период до 30 јуни е без трошоци за администрирање и со вклучено животно осигурување.

    Прокредит банка нуди потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,5 насто до 7 години рок на отплата, кој има 1 насто еднократна провизија при исплата на кредитот.

    Комерцијална банка нуди потрошувачки кредит до 2.000.000 денари со продолжен рок на отплата до 120 месеци во промотивниот период до 31 мај и со каматни стапки од 5,7 насто фиксна за првите 2 години и 6,7 насто променлива за останатиот период на отплата.

    Во Централна кооперативна банка го нудат стандардниот потрошувачки кредит со или без полиса за осигурување. Со полиса доаѓа со фиксна камата од 5,8 насто за првата година и променлива од 6 насто за наредниот период од, а без полиса со фиксна камата од 6 насто и променлива од 6,5 насто.

    Виолетовиот потрошувачки кредит до 1.500.000 денари од НЛБ банка, пак, до 31 мај е со промотивен период во кој банката не наплаќа манипулативен трошок за одобрување, кој изнесува 2 насто од износот, а минимум 1.000 денари. Но, каматната стапка на кредитот е 7,10 насто и е променлива за целиот период на отплата.

    Што покажуваат пресметките?

    За пример зедовме потрошувачки кредит во износ од 180.000 денари со рок на отплата од 36 месеци. Најдолгиот рок за отплата што се нуди моментално на пазарот е 120 месеци. Некои од кредитите се со полиса за осигурување затоа што сѐ повеќе банки осигурувањето на кредитот го ставаат како неизбежен услов, а тоа бара и дополнителен трошок за купување полиса. Но, овие кредити имаат и пониски каматни стапки.

    Еве што покажуваат пресметките, кои сепак се приближни, а официјални се само тие што ќе ги пресметаат банките врз основа на поднесено барање за кредит.

    Потрошувачки кредит во износ од 180.000 денари со рок на отплата од 36 месеци

    Читајте и: ЕКСКЛУЗИВНО НА ПАРИ: РАНГИРАЊЕ НА БАНКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

    ЕКСКЛУЗИВНО НА ПАРИ: Рангирање на банките во Македонија

    Редакција Пари

    Лектор: Христина Ангелеска-Мијоска

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично