ПОВЕЌЕ

    Вредноста како ефикасност: Производствената насоченост на умот

    Време зa читање: 6 минути

     

    Во наше време, има толку многу зборување за потрошувачкиот фокус, па е лесно да се мисли дека оваа перспектива е аксиомска, дека никој не би можел да го замисли бизнис-работењето на друг начин. Всушност, увидот дека потрошувачите, а не производителите одредуваат што ја востановува вредноста е релативно скорешен. Историски, бизнисите беа дефинирани од тоа што го прават. На пример, компанија беше во бизнисот со челик, или во бизнисот со кафе или со автомобили. Рецептот за успех беше осознавањето како да се произведе повеќе челик, или кафе или автомобили користејќи ги истите или помалку ресурси.

    Предизвикот, кажано со други зборови, беше да се зголеми продуктивноста, а начинот да се стори тоа беше да се направи производствениот процес што е можно поефикасен. Овој фокус на ефикасноста имаше голем смисол во индустриската економија, во кој побарувачката далеку ја надминуваше понудата. Мисијата на менаџментот беше изработка на повеќе нешта, поевтино. Кога Џорџ Истман во 1888 ја претстави Кодак камерата која чинеше 25 долари, продаде само 13000 парчиња. Кога во 1900 го претстави Брауни, кој чинеше еден долар, Истман продаде 150000 камери само во првата година. Правејќи го производот достапен, создаде огромен нов пазар.

    Пророкот на ефикасноста беше Фредерик Винслоу Тејлор. Роден во 1856 во успешно Пенсилваниско семејство, Тејлор можеше да оди на Харвард, но наместо тоа, ја одбра мануелната работа. По приправничкиот стаж како изработувач на калапи и машинист, се вработи како општ работник во Мидвејл Стил, една од водечките компании во индустријата. Во текот на шест години, Тејлор помина на практично секоја позиција во фабриката, за да стане нејзин главен инженер.

    Тејлор пристапи кон задачата на ефикасноста со дисциплина на научник – набљудување, проценување и забележување дури и на најочигледните задачи. Во 1898, Бетлехем Стил го најми како консултант, на поттик од Џозеф Вортон, еден од сопствениците на компанијата и основачот на првото американско училиште за бизнис, при Универзитетот во Пенсилванија. Во таа компанија, Тејлор изведе многу од експериментите опишани во Принципите на научниот менаџмент (1911). Пораката на Тејлор беше јасна: колку и задачата да изгледа едноставна, треба систематски да се проучи, за да се утврди „најдобриот начин“ за да се стори.

    Кога Тејлор пред стотина години одеше низ Бетлехем Стил, тој виде армија од 600 луѓе како ракуваат со лопати, и како секој од нив прави тоа што е вообичаено. Луѓето користеа ист вид лопата за преместување руда, петнаесеттина килограми по товар, и за ситен јаглен, за помалку од два килограми. За Тејлор, науката за „лопатите“ лежеше во одредување на товарот кој „првокласниот човек“ (односно, човек волен и способен да ракува со лопата) можеше да го оствари како најголем дневен учинок. Тејлор по внимателни експерименти го доби одговорот: десетина килограми. Како резултат, компанијата почна да обезбедува специјализирани лопати за луѓето, секоја прилагодена за својата задача: „мала лопата за руда, или голема за пепелта“.

    Тејлор тврдеше дека, како резултат на ваквите промени, продуктивноста се вивна, и трошоците на компанијата опаднаа – дури и по зголемувањето на платите на работниците. Ова беа параметрите на вредноста во светот на Тејлор, и сите тие беа содржани внатре во фабриката. Научниот менаџмент, со своето нагласување на мерењето и анализата, беше првата вистинска менаџментска дисциплина. Во нејзиното јадро е основниот принцип: Никогаш не претпоставувај дека најдобриот начин да се стори нешто е начинот на кој секогаш се работело. Инаку кажано, никогаш не ја земај работата здраво за готово.

    Ниту Тејлор, ниту научниот менаџмент имаат мошне добра репутација во сегашноста, иако распространетото тежнение за најдобра изведба е директен завет од неговата работа. Тејлор беше критикуван од работничките здруженија на неговото време, а Тејлоризмот стана синоним со намалувањето на вештината и дехуманизацијата на работата. Покрај сето тоа, развиените економии должат многу за својот просперитет на Тејлор и неговите следбеници. Во текот на 20-от век, ние ги карикиравме експертите за ефикасност и ја колневме трката по ефикасност, додека уживавме во богатството создадено од поголемата ефикасност. Тејлоризмот (како современоста) може е Фаустовска спогодба, но тешко е да се замисли какви би ни биле животите без тоа.

    Вистинско ограничување во пристапот на Тејлор беше неговата насоченост само кон производствената ефикасност. Тејлор претпоставуваше дека вредноста значи правење на тоа што се прави повеќе ефикасно. Тејлор не грешеше, тој само имаше тесен поглед на начинот на кој мислеше за мисијата на менаџментот. Нему не му падна на ум да се праша дали ги правите вистинските нешта за да започнете нешто, или дали би можеле да создадете повеќе вредност со преземање пошироки мисии.

    Тејлор беше разумна претпоставка на почетокот од дваесеттиот век, кога бројот на произведени стоки беше релативно мал, и кога главниот предизвик беше да се произведе што повеќе од нив со пониски трошоци. Но, до средината на 20-от век, оскудицата му даваше отстапка на потрошувачкото изобилство, посебно во Соединетите Американски Држави. Прашањето – што е вредност? – имаше потреба од нов одговор.

    Повеќе за авторот:

    Joan Magretta е виш соработник во Институтот за стратегија и конкурентност на бизнис школа на Харвард.

    Книгата, Што е менаџмент е водич за почетници и библија за една од најголемите социјални иновации во модерното време: дисциплина на управување.

    Без разлика дали сте нови во ова полет или искусен менаџер, оваа книга ќе ви даде цврсто разбирање за тоа што е потребно за да може една организација да исполни целите. Таа ги презентира основните принципи на едноставното управување… Зошто eBay успеа таму каде што Webvan не успеа? Зошто ви се подеднакво потребни потребни и бизнис модел и стратегија? Зошто е невозможно да се управува без вистински мерања на извршеното и дали ти можеш да го положиш тој тест?

    Што е менаџмент  е и водич за почетници и библија за една од најголемите социјални иновации во модерното време: дисциплина на управување. Joan Magretta, поранешен уредник на „Harvard Business Review“, ја разделува мудроста на зачудувачкото море со книги и написи во еден едноставен, јасен том, објаснувајќи ја логиката на успешните организации и како таа логика е отелотворена во праксата. Магрета прави богата употреба на примери – современи и историски – за да ги донесе Високите концепти на управување со животот: создавање вредност, деловни модели, конкурентна стратегија и организациски дизајн. Таа посветува внимание на честопати непишаните правила на управување кои ги карактеризираат организациите со најдобри перформанси.

    Ова е книга, која ја гледа големата слика за управувањето во нашето време. Дефинира заеднички стандард на менаџерска писменост кој ќе ни помогне на сите нас да водиме попродуктивни животи, без разлика дали сакаме да бидеме менаџери или не.

    Книгата можете да ја купите во Книжарниците на Икона на ул. Максим Горки бр.17, на ул. Македонија бр. 24 и во ТЦ Рамстор, по промотивна цена од 599 денари.

    Следете ја Икона на:
    facebook.com/ikonabookstorе
    instagram.com/knigotekaikona

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично