ПОВЕЌЕ

    Програма за лојалност на Иуте Македонија, за првпат на домашната финтек сцена

    Време зa читање: 2 минути

    Иуте Македонија официјално ја претстави iutePlus програмата за лојалност, која е дизајнирана со цел да ја награди лојалноста на клиентите и да го подигне севкупното корисничко искуство на повисоко ниво, давајќи му сосема нова димензија и дополнителна вредност.

    Програмата за лојалност ќе им понуди на клиентите бројни бенефиции – од попусти, до специјални понуди и бонус поени, како начин на изразување благодарност  што го избраа Иуте за финансиски партнер.

    Како функционира iutePlus?!

    Со секое подигнување на нов кредит, рефинансирање на постоечкиот, редовно подмирување на обврските, како и учество во специјални кампањи, клиентите добиваат вредносни поени кои ќе можат да ги користат за купување.

    iutePlus овозможува бенефиции не само преку користење на кредитните производи на Иуте во стандардниот сегмент, туку и во делот на “Buy now pay later” ширум продажната мрежа од преку 700 партнери, над 1000 продажни места и 100 е-продавници.

    Мобилната апликација Myiute останува центарот на Иуте еко-системот, каде што ќе може да се следи состојбата со поените, опциите за користење на поени, како и информации за специјални кампањи и промоции.

    Програмата за лојалност е важен момент и голем исчекор за компанијата, особено со оглед на посветеноста кон градење на долгорочни релации, лојалност и доверба како клучни вредности, базирани на етичко и одговорно кредитирање.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично