ПОВЕЌЕ

    Еве колку заработуваат различните професии во Германија. Нема да има бруто плата помала од 1.600 евра

    Време зa читање: 2 минути

    Федералната агенција за вработување во Германија објави список на поволности од широк спектар на професии.

    Така, тамошните институции, сакаат да обезбедат поголема транспарентност на платите.

    Пописот од 2019 година, кој ја покажува просечната бруто-плата на најпопуларните занимања во Германија. Медицинска сестра заработува 3.032 евра, лекар 6.150 евра, архитект 4.087 евра и медицински асистент 2.448 евра.

    Според истиот попис, еден пекар во Германија заработува 3.502 евра, продавач на слатки 1.839 евра, оператор за багер 3.421 евра, а службеник на банка 4.875 евра.

    Платата на градежен инженер во Германија е 5.246 евра. Професионалниот возач, како и возачот на автобусот, во просек се побогати за 2.556 евра на месечно ниво.

    Платата на грнчар е 3.003 евра, фризерката 1.684 евра, а електричарот 3.694 евра.

    Чистач на згради има плата 2.080 евра, домар 2.889 евра, механичар 3.922 евра.

    Малку повеќе заработуваат ИТ експерти, кои имаат просечна плата од 4.236 евра, но и електроинженери, чија плата е 5.934 евра. Пилотите имаат поголема плата од нив, а таа изнесува 6.150 евра. ПР менаџерите имале плата од 4,436 евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично