ПОВЕЌЕ

    Како да бидете продуктивни додека работите од дома?

    Време зa читање: 2 минути

    zena rabota od doma lap top kauch kukja stan

    Тие кои знаат како сами да го организираат времето додека работат од дома, ќе можат да бидат попродуктивни, и во поголема мера попродуктивни отколку кога би работеле во канцеларија, со секојдневни преќинувања од страна на претпоставените и колегите. Но за тие што, работата од дома претставува нешто ново, потребно е да се стекнат со одредени вештини кои ќе им бидат потребни, особено во овој период, да можат да придонесуваат на своето работно место и да останат продуктивни. 

    Зависно од компанијата, следењето на работата и праќањето на извештаи за тоа што е сработено, може многу да се разликува од една до друга компанија. Некои вработени сега се следени преку програми кои ја следат нивната продуктивност секој час. Во суштина, овие програми со себе носат нов вид на страв. Бидејки во удобноста на домт секој вработен стравува за тоа што може да се случи ако нивниот шеф ги фати на погрешна веб-страница во погрешно време од денот. И покрај тоа што може да изгледа корисно од гледна точка на шефот, од аспект на вработениот, може да изгледа наметливо и контрапродуктивно.

    Лора Вандеркам, експерт за управување со времето и авторка на „Off The Clock“ не е љубител на овие програми. „Сметам дека овој вид на софтвер за следење е толку смешен“, вели таа. „Не може да се мери вистинската продуктивност.“ 

    И таа е во право. Најдобриот начин да останете продуктивни, е да ги испланирате вашите денови секој ден. Запрашајте се: Кои задачи треба да ги завршам денес? Кога имам најголема енергија за да се справам со овие задачи? Проактивно испланирајте паузи за вашето помалку продуктивно време. Ваша задача е да ги поставите работите со вашиот претпоставен на начин на кој ќе може да правите паузи и да ги искористете мудро. 

    За време на овие стресни времиња, секој треба да се однесува добро кон своите вработени како вистински луѓе кои се борат со оваа пандемија. На сите ни треба пауза за вежбање, пазарење, поминување време со децата и грижење за нашето здравје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично