ПОВЕЌЕ

    TOW: #РаботаОдДома

    Време зa читање: 4 минути

    Во екот на ширење на вирусот и негова голема распространетост, голем број компании, а и ние, воведовме концепт на работа од дома.

    Работење од дома е познат концепт, но кога треба да е на подолго време, а е нешто што до сега не сме го применувале, потребни се соодветни подготовки за да може да дадеме максимум од нас во новата ситуација:

    • Промена во умот – прво што треба да направите е да се сетирате дека од сега натаму, ќе работите од дома. Исто така, тоа соопштете им го и на домашните, вие сте на работа, а не дома на одмор.
    • Работно време – како што ви е работното време, за време на работа, така е и кога треба да се #СедиДома. Определете работно време за извршување на задачите, време за пауза и за оброк. Едноставно е, истата рутина што ја имате на работа, ќе ја применувате и за #РаботаОдДома. Ако сте дома, не значи дека треба да ги одложувате работите затоа што, ај дома сум, кога сакам ќе завршам!
    • Облека – кога одите на работа, се надевам дека не одите во пижами, па така и дома. Соблечете ги пижамите и облечете се како да сте на работа. Како си облечен, така и ќе се однесуваш кон работата. Облеката влијае и на вашиот ум, а и на околината дека работите од дома. Ако сте во пижами, нормално е да посакате да си прилегнете, да се одморите малку…
    • Простор – одберете дел од станот, по можност изолирана соба којашто ќе ви биде работен простор. Таму нека биде поставен компјутерот и сите потребни работи за успешно извршување на задачите. Работа од кревет, не е работа. Креветот служи за одморање!
    • Агенда – задолжително работете според агенда или листа на задачи. Таа правете ја самостојно или во соработка со претпоставените, тим лидерите или колегите, но секако имајте дневни, неделни и месечни обврски кои треба да ги направите и нормално, поставете си рокови. Ако работите без рокови, голема ви е можноста да ги одолговлекувате!
    • Концентрација – #РаботаОдДома бара посебна концентрација. Со самото тоа што сте дома, секој домашен звук „кога сте на работа” ќе ви ја одвлекува концентрацијата. Намалете што е можно повеќе работи кои дополнително можат да ви ја одвлекуваат концентрацијата.
    • План на денот – бидејќи сте дома, немојте за време на работниот дел од денот да го планирате за извршување на домашни обврски. Ако веќе треба да извршите некои работи и за дома, направете приоретизација, па кога ќе правите пауза од работа, извршете ги работите за дома. Но, да не биде сега да го реновирате станот додека сте на работа туку нека бидат некои кратки задачи?
    • Комуникација – бидете подготвени дека најголемата комуникација ќе ви биде пишана, па после говорна, па најмалку да се гледате. Доколку имате потреба од комуникација, користете по обратен редослед. Користете алатки за да се видите со соговорникот/ите. Во однос на пишаната комуникација, пред да ја испратите, видете дали е разбирлива, читлива и разбирлива пораката која сакате да ја испратите на соговорникот.

    Со успех во промените,
    @kalinbabusku
    Член на тимот
    МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
    www.macedonia-export.com

    „Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат на www.pari.com.mk во соработка со www.tipoftheweek.co обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој:

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично