ПОВЕЌЕ

    ПРОБЛЕМОТ СО СТАТУСОТ НА КАМИОНЏИИТЕ МОРА ДА СЕ РЕШАВА БИЛАТЕРАЛНО и ние така работиме, рече вицепремиерот Николоски

    Време зa читање: 2 минути

    Сакам да им се заблагодарам на превозниците за нивниот активен пристап и притисоците кои ги прават, бидејќи помогнаа да се смени визната стратегија на ЕУ и тие да бидат препознаени како професионалци, и сега можат да добиваат долгорочни визи, изјави денес Александар Николоски на маргините на македонско-австрискиот бизнис форум што денес се одржа во организација на Стопанската комора во врска со долгоочекуваното решение на проблемот со камионските автопревозници и нивниот статус за влез во Шенген зоната.

    Затоа ние мораме да работиме со што е можно повеќе држави за да постигнеме вакви договори. Тоа е единственото решение.

    Добро е што шенген зоната нема ограничување во која држава се вади виза. Ќе го искористиме и овој собир со австриските бизнисмени да го забрзаме процесот и со Австрија. Не сакам да давам рокови но очекувам многу брзо ќе излеземе со добри вести бидејќи комуникацијата е интензивна – рече Николоски.

    Има неколку земји-членки на Шенген-зоната кои не сакаат да има заедничко решение на сите, а визните правила се правила кои се носат со консензус на сите држави-членки и затоа решението се билатерални договори и ние работиме билатерално.

    Според Николоски досега билатерални договори биле потпишани со Хрватска, Швајцарија и Романија. Во тек се интензивни преговори и се најавени средби на високо ниво со владата на Словенија и активно се работи и на решенија со Германија и Унгарија за да се покријат клучните рути на македонските транспортери.

    Проблемот на превозниците настана со воведувањето на новите системи на гранична контрола со кои построго се регулираше престојот во Шенген-зоната и правилото 90/180 кое не им дозволува непречено работење на превозниците и создаде долготрајни проверки и задржувања на границите.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично