Сава пензиско друштво информира дека на ден 4.9.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигна прилив од дивиденда во износ од 13.610,62 долари, од инвестираните средства во компанијата Wells Fargo & Co. На истиот датум пристигна прилив од камата од инвестици во домашни државни обврзници, во износ од 2.500.110 денари и прилив од камата во износ од 16.986 денари, по основ на орочен депозит во Халкбанк АД Скопје.
Исто така, на ден 4.9.2019 година на сметката на Сава пензија плус пристигна прилив од дивиденда во износ од 379,49 долари, од инвестираните средства во компанијата Wells Fargo & Co. На истиот датум пристигна прилив од камата во износ од 168.000 денари, по основ на орочен депозит во Универзална Инвестициона Банка АД Скопје.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате на следниот линк.