ПОВЕЌЕ

    ПРЕМНОГУ ПАРИ ЗА ОДБРАНА СЕ РИЗИК ЗА ЕКОНОМИЈАТА, предупредува претседателката на европската централна банка

    Време зa читање: 3 минути

    Откако досега е инвестирано премалку во одбраната, сега е ризично да се инвестира премногу одеднаш бидејќи постои ризик од целосен хаос во ЕУ, а Европската централна банка почнува да гледа на желбата да инвестира во тешката индустрија со одредено страв. „Трговската фрагментација и повисоките трошоци за одбрана во сектор со ограничен капацитет во принцип би можеле да ја поттикнат инфлацијата“, предупредува претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, учествувајќи на  конференција организирана од Гете институтот во Франкфурт.

    Креаторите на политиката се борат со „исклучително висока“ несигурност, рече во средата Кристин Лагард, претседателка на Европската централна банка, само неколку часа откако Европската комисија објави тарифи за американскиот увоз како одговор на давачките наметнати од администрацијата на Трамп. Подоцна, Канада објави нова рунда одмазднички тарифи за увозот од САД.

    Непредвидливоста на трговската политика и геополитиката, што веројатно ќе значи повеќе големи економски шокови, ќе им отежне на централните банкари да ја задржат инфлацијата на нивната цел од 2 проценти, рече г-ѓа Лагард.

    „Брзањето за повторно вооружување како резултат на нестабилното геополитичко опкружување дефинирано од Европската комисија во нејзиниот план „Вооружање на Европа“ – може да произведе непожелни ефекти врз индексот на трошоците на животот што Брисел, како и во другите главни градови, веројатно не го сметаше за доволно. Надежта, во оваа смисла, е дека соочени со ризикот од нов пораст на инфлацијата поради зголемувањето на трошоците за одбрана, „американските тарифи, исто така, би можеле да ја намалат побарувачката за извоз на ЕУ и да го пренасочат вишокот капацитет од Кина во Европа, што би можело да ја турне инфлацијата надолу“, смета Лагард.

    Лагард се осврна темата за одбрана и на неизвесностите на сè понепредвидливото опкружување. Без експлицитно да се осврнува на американскиот претседател Доналд Трамп или на активностите на Русија и Кина, претседателката на ЕЦБ забележува дека „утврдените извесности за меѓународниот поредок се поништени“. Некои сојузи станаа затегнати, додека други се подобрија. „Видовме политички одлуки кои би биле незамисливи пред само неколку месеци“. Во контекст каде што „показателите за геополитички ризик стојат на нивоа невидени уште од Студената војна“, таа понатаму предупредува, „шоковите стануваат се поголеми, опстојувањето на инфлацијата во некои околности би можело да биде поголема“.

    Под различни околности, овогодишната конференција можеше да изгледа повеќе како прослава бидејќе има причини за славење: инфлацијата во еврозоната забави на 2,4 отсто во февруари, блиску до целта на централната банка, а креаторите на политиката беа во можност да ги намалат каматните стапки шест пати од средината на минатата година, констатира Њујорк Тајмс.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично