ПОВЕЌЕ

    Консултирајте се и дознајте која е најдобра опција за да позајмите средства?

    Време зa читање: 2 минути

    Каматните стапки станаа важна тема, бидејќи многу земји во светот, како и банките, се обидуваат да ги задржат на сегашните нивоа, но и да ги намалат со цел дополнително да ги стимулираат граѓаните.

    Дури и пред корона вирусот, многумина од нас не беа подготвени да заштедат. Короната нè предупреди дека целиот живот може да се смени за еден ден. Не натера многумина од нас сериозно да ги сфаќаат своите финансии, а првата адреса треба да биде вашиот банкар.

    Консултирајте се, и пред сè, дознајте за каматните стапки. Без разлика дали ви требаат пари за врнежливи денови, поправки, реновирање или школување, треба да прашате кој заем од банка најдобро одговара на вашите потреби и кој заем е најповолен за вас.

    Банките сега нудат различни каматни стапки, прашајте што најдобро ви одговара. Одете во филијалите и побарајте понуда што би била оптимална за вас. Паричните заеми се најдоброто решение за сите оние артикли што треба да ги платите веднаш, а не знаете како поради оваа ситуација. Сепак она што е од голема важност е проценката дали и до која висна може да ги сервисирате кредитите.

    Во таа насока пред да се одлучите за подигнување на заеми треба да направите консултација со вашиот банкар со цел да го согледа вашето портфолио и можноста за тоа која опција е најдобра во согласност со вашите примања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично