ПОВЕЌЕ

    ПОВТОРНО НА УЧИЛИШТЕ СО ПОМАЛ ТРОШОК: ЗАШТЕДЕТЕ И ДО 6.000 ДЕНАРИ СО „BACK TO SCHOOL“ ПОПУСТИТЕ ОД „ТВОЈ ШПАРКАСЕ КРУГ“

    Време зa читање: 2 минути

    Нова учебна година значи нов ранец, училиштен прибор, патики, спортска опрема, облека и уште многу други набавки. А кога на списокот ќе се додадат и трошоците за уредување на детската соба или други подготовки, сумата за почетокот на учебната година може брзо да порасне.

    Затоа, оваа година подгответе се за на училиште со помал трошок – со Шпаркасе картичката во паричникот.

    Во рамките на платформата за партнерства и лојалност „Твој Шпаркасе круг“, Шпаркасе Банка подготви специјална „Back to School“ понуда, со која имателите на сите Шпаркасе картички можат да остварат од 5 % до 40 % попуст кај повеќе од 30 партнери, во категории што ги покриваат најважните подготовки за новата учебна година.

    Од училиштен прибор и опрема, до спортска облека и патики – со едноставно плаќање со Шпаркасе картичката, клиентите можат да заштедат и до 6.000 денари при набавките за целото семејство.

    Во „Back to School“ понудата се вклучени „Office Plus“, „Staedtler“, „Okaidi“, „Springfield“, „Mango Kids“, „Sport M“, „Intersport“, „Adidas“, „Sizzer“ и повеќе други партнери, каде што клиентите можат да ги искористат придобивките препознавајќи ги продажните места означени со „Твој Шпаркасе круг“.

    Придобивките не завршуваат со подготовката за училиште. „Твој Шпаркасе круг“ е создаден за клиентите на Шпаркасе Банка за да добиваат повеќе од својата картичка и во секојдневното плаќање – преку попусти, поволности и ексклузивни понуди кај различни партнери. Тоа значи дека секое плаќање со Шпаркасе картичка, може да биде можност за дополнителна вредност и заштеда.

    „Секојдневните трошоци се составен дел од семејниот буџет, а периодот пред почетокот на учебната година е особено интензивен. Затоа сакаме нашите клиенти да знаат дека со својата Шпаркасе картичка не добиваат само сигурно и едноставно средство за плаќање, туку и пристап до низа конкретни бенефити. ‘Back to School’ понудата е само еден од примерите како со паметно користење на картичката можат да заштедат во моменти кога тоа им е најпотребно“, велат од Шпаркасе Банка.

    Подготви се за училиште, а плати помалку. Побарај ги попустите означени со „Твој Шпаркасе круг“ и искористи ги со твојата Шпаркасе картичка.

     „Back to School“ со „Твој Шпаркасе круг“ – попусти за чиста петка!

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично