ПОВЕЌЕ

    Подготвена писмена изјава за продажба на акциите – Акционерите на СТББТ ќе ја потпишуваат во Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    За акционерите на Стопанска банка Битола кои имаат намера своите акции да и ги продадат на Комерцијална банка, подготвена е писмена изјава, која ќе можат да ја потпишуваат во деновите до истекот на крајниот рок – 22 септември. Својот потпис дека ја прифаќаат понудата, ќе можат да го стават во централата и во филијалите на Комерцијална банка. Секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

    „Во врска со понудата за преземање на сите акции од Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје, упатуваме на точка 5.2.1 од проспектот, каде помеѓу останатите детални податоци на процедурата за прифаќање на понудата согласно член 38 од Законот за преземање на акционерските друштва уредено e дека имателите на акции од Стопанска банка АД Битола може да ја потпишат писмената изјава за прифаќање на понудата во просториите на Комерцијална банка, со седиште на ул. Васил Иљоски бр. 3, како и во нејзините филијали низ Републиката“, пишува во информацијата што Банката ја објави на својата веб-страница.

    Комерцијална банка ги откупува акциите по единечна цена од 3.200 денари за кои е издвоен вкупен износ од 20,3 милиони евра уплатени на сметка во Централниот регистар за хартии од вредност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично