ПОВЕЌЕ

    Почнува исплатата на зголемените мартовски пензии

    Време зa читање: < 1 минутa

    Денеска стартува исплатата на пензиите за март, во кои е пресметано зголемувањето од 8,4 насто. Со тоа, просечното пензионерско примање изнесува 19.150 денари.

    Пензионерите од денес ќе можат да ги повлекуваат своите пари од банкоматите, или со картичките да плаќаат во трговијата.

    Готовинската исплата, пак, вообичаено ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата:

    • до 11.000 денари исплатата ќе се изврши утре (28 март);
    • од001 до 14.000 денари во среда (29 март);
    • од001 до 18.000 денари во четврток (30 март);
    • над 18.001 денари во петок (31 март)

    Усогласувањето на пензиите со движењата на цените и со просечната плата се врши два пати годишно, на први март и на први септември. Тоа на пензионерите им дава сигурност дека корекции ќе има во континуитет. Но, и реагираат на фактот дека зголемувањето на најниските пензии повлекува нецела илјадарка, додека кај највисоките – повеќе од пет илјади денари.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично