ПОВЕЌЕ

    Платите во април со просек од 36.134 денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Просечната плата исплатена во април е во нето-износ од 36.134 денари или 587 евра. Бруто-просекот е 54.177 денари, односно 880 евра.

    Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април, а споредено со истиот месец лани е 114.6. Кај бруто-платата индексот е 115.0.

    Зголемување на платата во нето-износ, според ДЗС, најмногу се должи на растот забележан во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1%), административни и помошни услужни дејности (21,7%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8%).

    Во однос на март, зголемување има во финансиски дејности и дејности на осигурување (14,7%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (13,2%) и административни и помошни услужни дејности (12,5%).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично