ПОВЕЌЕ

    Колкава ќе биде годишната пензија на Трамп?

    Време зa читање: 2 минути

    Поранешниот Претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, со напуштањето на Белата куќа се стекнува со право на годишна пензија од 221.400 долари, до одредени бенефиции.

    Сепак, Трамп може да ја изгуби пензијата ако на претстојното заседание на Сенатот одлучат да го отповикаат.

    Законот не дозволува пензија за претседателите кои за време на власта биле прекинати со отповикување.

    Во однос на платата, Трамп и Белата куќа редовно објавуваа дека тој својата годишна претседателска плата од 400.000 долари ја враќаше во различни оддели во владата. 

    Како е во Македонија?

    Годишна македонска Претседателска пензија изнесува околу 20 000 долари, плус канцелариски простор, службено возило, личен возач и обезбедување до крајот на животот?

    Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата, тој има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу тројца соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.

    Од поранешните претседатели, Бранко Црвенковски има доживотна претседателска пензија и кабинет. Семејството на загинатиот претседател Борис Трајковски, неговата сопруга Вилма и децата имаат други права предвидени со Законот. Актуелниот претседател Стево Пендаровски при стапувањето на функцијата најави дека по заминувањето од должноста ќе се откаже од привилегиите што му следуваат по закон – користење на канцеларии со соработници и доживотна претседателска пензија.

    Според Уставот и законот, доживотните привилегии еден поранешен претседател може да ги загуби само ако бил разрешен со импичмент или ако Уставниот суд констатирал за време на мандатот дека претседателот има деловна неспособност.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично