Владимир Пецовски, кој е акционер со над пет проценти во Реплек АД Скопје, купил две нови акции. Во моментот располага со вкупно 1.589 обични акции. Што претставува 6,13 отсто од вкупниот број акции на оваа компанија.
Акционерката Славица Туџарова-Трајковска, која исто поседува над пет проценти, продала 104 акции. По оваа промена во нејзина сопственост се 2.872 акции, односно 11,08 проценти од вкупниот фонд акции на Реплек.
Исто така, од таму објавија и дека Владимир Гашевски, член на Надзорниот одбор, се стекнал со една нова акција и сега поседува вкупно три обични акции.