ПОВЕЌЕ

    Пазарувај паметно и добиј кешбек со Тинекс и Mastercard

    Време зa читање: 2 минути

    Kaмпањата на Тинекс маркети во соработка со Mastercard продолжува и во месец март, а се однесува на користењето на самонаплатните каси со користење на Mastercard картичка издадена од било која банка во земјава. Сите оние кои во периодот од 1.03 до 31.03. 2025 год. ќе направат 8 трансакции со Mastercard картичка, во вкупна вредност од 6.000 денари на некоја од самонаплатните каси во Тинекс маркетите, ќе добијат кешбек во вредност од 600 денари.

    Мрежата на самонаплатни каси во Тинекс маркетите расте, а во моментов тие се достапни во маркетот во Зебра, Ист Гејт Мол, Првомајска, Драмски, Центар 2, Годи, Лиса, Карпош 3, Цветен, Беко и Прилеп.

     

    Овој тип на каси се одлични за сите оние кои сакаат брзо и лесно да го завршат процесот на плаќање, да имаат поголема приватност и во исто време да добијат кеш бек.

    Тинекс како компанија континуирано инвестира во иновации и во подобрување на корисничкото искуство, и токму затоа е и првиот ланец маркети во земјава кој воведе самонаплатни каси, а постојано работи и на модернизирање на секој аспект од своето работење.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично