ПОВЕЌЕ

    „ПАРИ“ ЈА АНАЛИЗИРА ИНФЛАЦИЈАТА ВО РЕГИОНОТ: Словенците најдобро се држат, Босанците нека му ја мислат

    Време зa читање: 2 минути

    Од сите страни стигнуваат вознемирувачки вести дека се уште е рано да се каже дека престанува трендот на растот на инфлацијата. Македонија веќе зачекори во сферата на двоцифрена инфлација, а за двоцифрен пораст на потрошувачките цени известија и од многу други земји низ светот.

    Компаратаивната анализа што ја направи порталот „Пари“  покажува дека во регионот, Словенија се уште добро се држи и има убедливо најниска инфлација а Босна и Херцеговина пак, двоцифрена инфлација достигнала уште во март.

    Македонија во април ималa инфлација од 10,5 проценти во однос на истиот месец лани, додека во Словенија априлската инфлација е „само“ 6,9 проценти. За другите земји во регионот, не се објавени податоците за инфлацијата во април, односно последните податоци се однесуваат за март. Во Србија,  мартовската годиша инфлација била 9,1 проценти,  во Црна Гора изнесувала  9,7 проценти, а во Федерација Босна и Херцеговина трошоците за живот во март 2021 година во однос на март 2020 година се зголемиле за 11 проценти.

    Годишна инфлација (април, или март – зависно од расположливи податоци)

    ДржаваГодишна инфлација
    Македонија8,8%  (март)                        10,5% (април)
    Словенија 6.0% (март)                          6,9%  (април)
    Србија 9,1% (март)
    Црна Гора 9,7%  (март)
    Хрватска 7,3%  (март)
    Босна и Херцеговина11%   (март)

    Во однос на растот на одделните трошоци, евидентно е дека најмногу се зголемиле цените на транспортот. Притоа, најголем раст на трошокот за транспорти има во Босна и Херцеговина, растот бил 24,4% (уште во март), а веднаш зад неа е Македонија во која транспортните трошоци во април се зголемиле 21,8%. 

    Висок е и растот на цените на храната.  Податоците покажуваат дека храната најмалку поскапува во Словенија. Најголема инфлација во цените на храната и безалхкохолни пијалоци има во Црна Гора.

    Едногодишен раст на одделни трошоци 

    ДржаваХрана и безалкохолни пијалоци Март   АприлОблека и обувки Март     АприлДомување, вода и струја и др.горива Март       АприлТранспорт Март       Април
    Македонија11,4%       14,8%1,5%         1,3% 7,7%           8,1%19,8%   21,8%
    Словенија 6,9%         9,2%  2,0%         1,4% 1,3%           6,2% 14,1%     15,1%
    Србија15,7%2,8%5,1% 12,5%
    Црна Гора17,8%2,1%3,2%18,9%
    Хрватска10,8%5,2%3,8%14,4%
    Босна и Херцеговина15,5%6,6%12,2%24,4%

    Последните податоци што ги објави Европската статистичка агенција Евростат се однесуваат на март. Годишната стапка на инфлација во Еврозоната во март била 7,4% , а една година порано таа била 1,3%.  Во Европската унија пак, во март 2022 година, годишната инфлација била 7,8 проценти, а во март 2021 година изнесувала 1,7 проценти. Најниски годишни стапки биле регистрирани во Малта (4,5%), Франција (5,1%) и Португалија (5,5%). Највисоки годишни стапки имало во Литванија (15,6%), Естонија (14,8%) и Чешка (11,9%).

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање на хиперлинк до содржината што се цитира.
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично