Осигурување МАКЕДОНИЈА ад Виена Иншуренс Груп во периодот од Јануари – Јуни 2020 година, оствари позитивен финансиски резултат во износ од 55 милиони денари кој спореден со 2019 година е за 3,7% понизок. Категориите на приходи и расходи признати на датумот на известување се дадени подолу:
Вкупната полисирана премија во износ од 521,9 милиони денари во однос на 2019 година е намалена за 5 %. Истата е коригирана со преносна премија од 2019 година како приходна ставка и со преносна премија за 2019 година како расходна ставка. Вкупните приходи за посочениот период имаат раст од 2.1 милиони денари споредено со 2019 година.
Вкупните расходи во првото полугодие од 2020 во однос на 2019 година бележат зголемување од 1% или во износ од 4,6 милиони денари. Трошоците за штети бележат намалување од 11% во однос на 2019 година.
Дивиденда
Остварената нето добивка од деловната 2019 година по препорака на Агенцијата за супервизија на осигурувања Друштвото ја распореди во резерва на сигурност и нераспоредена добивка.
Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период
Во периодот од 01.01- 30.06.2020 година, Друштвото има 91% остварување на планираниот обем на приходи по основ на премија.
Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Виена Иншуранс Груп до крајот на 2020 година со оглед на отежнатите услови на работење предизвикани од пандемијата очекува остварување за поставените планирани цели со намален обем.