Осум поаѓања дневно во двата правци, возниот ред ќе важи до крајот на годината
Од 1 септември Зелениково повторно добива директна железничка врска со Скопје. Градскиот воз ќе сообраќа осум пати дневно во двата правца, а патувањето ќе трае околу половина час.
Возот од Зелениково ќе ги опслужува станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, пред да пристигне на Железничката станица Скопје.
Од Зелениково, поаѓањата се во 6:20, 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. Од Скопје кон Зелениково возовите ќе тргнуваат во 5:32, 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот.
Патувањето во еден правец ќе трае од 24 до 28 минути, зависно од поаѓањето. Возниот ред е предвидено да важи до 31 декември 2026 година.
МЖИ веќе го има објавено новиот возен ред, но во достапните информации се наведени само трасата, поаѓањата и времетраењето на патувањето. Без цена на единечните и на повратните билети.
Враќањето на оваа линија е значајно за жителите на Зелениково, Орешани, Драчево, Лисиче и околните населени места кои секојдневно патуваат кон главниот град. За нив возот може да биде поевтина и попредвидлива алтернатива на автомобилскиот и автобускиот превоз, особено во утринските и попладневните шпицови.
Една врска повторно се активира, но мрежата на патнички возови е многу посиромашна од онаа што ја имаше Македонија пред две-три децении. Во моментов по македонските пруги сообраќаат 10 пара патнички возови – по три на релациите Скопје–Битола и Скопје–Велес и по два кон Куманово и Гевгелија. Возовите кон Кичево и Кочани не сообраќаат уште од 2021 година. Нема ниту меѓународни патнички возови кон Србија, Косово и Грција,
Аналитика








