ПОВЕЌЕ

    Од денес Саем за мебел во Скопје: Повеќе од 40 изложувачи, саемски попусти и кредити

    Време зa читање: < 1 минутa

    Од денес па до втори април во комплексот „Борис Трајковски“ се одржува Саемот за мебел. На оваа манифестација годинава се претставуваат повеќе од 40 излагачи со 80 брендови.

    Организаторите најавија богата понуда на мебел за дневни, спални и детски соби, трпезарии, кујни, купатила, декоративни подлоги и елементи…, како и  атрактивни саемски попусти.

    Партнер на годинешното саемско издание е Комерцијална банка АД Скопје, која на посетителите ќе им понуди поволни кредитни производи за купување мебел. За таа намена заинтересираните можат да го посетат специјалниот штанд на Комерцијална банка.

    Саемските експонати можат да се видат во предвиденото работно време од 10.00 до 20.00 часот, а ќе се одржи во Комплекс – „Борис Трајковски“. Билетите се со цена од 120 денари, додека групната или семејна влезница е 100 денари по лице. Овозможено е нивно купување на билетарниците пред влезот на Саемот и преку платформите: www.karti.com.mk и www.mktickets.mk .

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично