ПОВЕЌЕ

    Од 516 акции во нетрговските трансфери 406 се на „Алкалоид“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Мирно во сферата на нетрговските трансфери. Во три работни дена се подарени или наследени 516 акции издадени од три компании и една банка. Најбројни се на „Алкалоид“.

    Акциите на фармацевтската компанија на двапати се регистрирани од страна на Централниот депозитар за хартии од вредност. Во понеделникот е пренесена сопственоста кај 400, а утредента уште кај шест обични акции на „Алкалоид“.

    КОМПАНИЈАТА ОД АВТОКОМАНДА СО ЗАВИДНИ РЕЗУЛТАТИ – одовде до Америка

    Во вторникот, исто така, имало и други два трансфери. Забележани се две обични акции од Комерцијална банка АД Скопје и 68 обични акции на „Окта“ АД Скопје.

    НЕВИДЕН ЌАР! ПРОФИТ ОД 72 МИЛИОНИ ЕВРА, ја брка ли Комерцијална банка стотката?

    Активностите во овој домен, според податоците што се објавуваат на Македонска берза, завршиле во средата. Тогаш во статистиката е запишан нетрговскиот трансфер на 40 акции емитувани од скопски „Макпетрол“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично