ПОВЕЌЕ

    Ново од Интернет банка на Комерцијална банка: оn-line аплицирање за кредитни картички и поднесување рекламации за трансакции со картички

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка им овозможи електронско (online) аплицирање за кредитни картички за физички лица на сите корисници на услугата Интернет банка кои имаат опција за плаќање. Оваа дигитална услуга може да ја искористат за да аплицираат за сите кредитни картички што ги издава Банкатавклучително и новиот СМАРТ кредит преку картичка.

    Опцијата е достапна откако ќе се најават на Интернет банка и ќе ја изберат во менито „Online апликации“. За да се поднесат барањето за кредитна картичка и потребните документи неопходно е барателот да има важечка листа на кодови за плаќање или токен. Во овој дел  ќе може да се следи и статусот на поднесеното барање.

    Во истото мени, „Online апликации“, отсега ќе може да се врши и рекламација за трансакција со картичка само со поднесување на потребните податоци за трансакцијата.

    Искористете ги привилегиите што ви ги нуди Интернет банка на Комерцијална банка и чувајте го вашето и здравјето на другите.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично