ПОВЕЌЕ

    Нова дневна серија блокови – кој инвестира милиони евра во акциите на „Македонијатурист“?

    Време зa читање: 2 минути

    Уште три блок трансакции со акциите на „Македонијатурст“. За најголемата со вложени речиси 2,2 милиони евра во хартиите од вредност издадени од оваа компанија, за кои е дадена досега највисоката цена од 9.500 денари, информацијата ја објави Македонска берза. А сите три се заведени во вчерашната дневна официјална листа. Во берзанската статистика, во текот на еден месец (од седми септември до седми октомври) се евидентирани 19 блокови.

    Првиот и најголем од последните три пакети, кој на познатиот купувач му обезбедува 3,11 проценти од вкупниот број, содржи 14.054 обични акции. Вкупниот износ на трансакцијата е 133.513.000 денари (2,17 милиони евра). Номиналната вредност за акција е 25,56 евра.

    Вториот блок е во вредност од  6.051.500 денари (98,4 илјади евра). Преку него се продадени 665 акции по цена од 9.100 денари. А третиот, во кој единечната цена е девет илјади денари, чини 4.950.000 денари (80,5 илјади евра)

    Со акциите на хотелско-угостителската компанија се тргува и на официјалниот пазар. Вчера е направен промет од 178.000 денари за истргувани 20 акции по цена од 8.900 денари. Во споредба со петокот вредноста е намалена за два проценти. Во текот на последниот минатонеделен работен ден таа промена беше 4,81 процент. Тогаш биле истргувани 562 акции по единечна цена од 9.081,30 денари, а прометот бил 5.103.690 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично