ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка вработува: Советник за грижа на корисници – Сектор за развој на понуда и маркетинг

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С. Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

    Доколку се стремите кон постигнување на дополнителни резултати и унапредување на процесите, Ве мотивираме да аплицирате за работното место во Службата за стратешки маркетинг, односи со клиенти и комуникации:

    Советник за грижа на корисници

    Сектор за развој на понуда и маркетинг

    Улога во тимот:

    • Координирање и управување со сите поплаки пристигнати во Банката (complaint management);
    • Директно одговарање на поплаките на клиентите и координација со останатите стручни служби во Банката зависно од типот на поплаката, со цел подготовка на одговори и разрешување на поплаките;
    • Подготовка на извештаи од областа на управување со поплаките;
    • Следење на резултатите од сите истражувања на задоволството на клиентите на Банката;
    • Дефинирање стратегија и активности за унапредување на задоволството на клиентите и нивното корисничко искуство;
    • Подготовка и спроведување на анкети за мислењето / корисничкото искуство на клиентите од конкретен продукт / услуга;
    • Употреба на разни алатки и спроведување на активности за унапредување на грижата за клиентите (Customer care).

    Твојот профил:

    • Универзитетско образование;
    • Минимум две години искуство во сегментот на грижа и односи на клиенти;
    • Развиени комуникациски вештини, проактивен пристап и мотивираност за ефикасно управување на барањата на клиентите;
    • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
    • Способност за работа во динамична околина;
    • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office.

    Твој мотив да ни се придружиш:

    • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
    • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
    • Напредна обука и индивидуален кариерен развој;
    • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
    • Приватно здравствено осигурување.

    Заинтересираните кандидати своите кратки биографии и мотивациски писма можат да ги достават на [email protected] најдоцна до 05.03.2023 година (недела).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично