ПОВЕЌЕ

    „Настел“ продаде уште 434 акции на „Реплек“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Градежната компанија „Настел“ постепено го намалува сопственичкиот удел во „Реплек“. Со последната продажба на 434 акции, во моментот поседува 6,68 проценти од хартиите од вредност издадени од скопската фармацевтска куќа.

    „Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува

    Акционер со над 5% односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 434 акции, со што поседува вкупно 17.313 или 6,68% од вкупниот број на акции“, известија од „Реплек“.

    „Настел“ на бизнисменот Зоран Азманов почна во континуитет да се повлекува од „Реплек“ во јули и до крајот на минатата година продал 6.409 акции. А, ова е втора продажба од почетокот на 2025, првата со 119 акции е забележана на втори јануари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично