ПОВЕЌЕ

    НАМАЛЕНИОТ ОБЕМ НА РАБОТА НА „ФАКОМ“ им донесе добивка повеќе од преполовена

    Време зa читање: 3 минути

    Во првата половина од годинава, „Факом“ оствари позитивен финансиски резултат во износ од 31.697 денари  наспроти добивката од  91.000 денари за истиот период во 2023 година, а тоа е за околу -65% помала. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество 75% имаат приходите од продажба на странски пазар кои во споредба со остварените во 2023 година бележат намалување од 55 отсто, додека приходите од продажба на домашен пазар учествуваат со 25% . Вкупните приходи за овие шест месеци се 285.008.642 и се намалени за 56% во однос на приходот за истиот период од лани.

    Основната дејност на „Факом“ е проектирање, производство и монтажа на челична конструкција и делови на конструкции, сите делови на заварени носачи и изградба и како

    Во периодот од 01.01-30.06.2024 година, Друштвото оствари вкупни расходи од 284.976.944 денари кои се за 54% помали во однос на 2023 година. Намалувањето на расходите се должи на намалениот обем на работа на друштвото.

    Компанијата во текот на 2024 година користела краткорочен револвинг денарски и девизен кредит од Комерцијална банка и долгорочен денарски кредит и вкупните обврски по основ на кредити на 30 јуни изнесувале 366.086.830 денари

    Друштвото досегашното свое работење го извршувало во согласност со своите утврдени стратешки цели и деловната политика со цел унапредување и постигнување на подобри рзултати во своето работење. Но, од „Факом“ велат дека компанијата мора да ја задржи и да ја надгради позицијата на препознатлива успешна компанија за челични конструкции и опрема во земјата и странство, кои ќе бидат произведени по највисоки стандарди и по квалитет и со конкурентни цени на пазарот.

    Основна определба на компанијата и понатаму мора да биде извозната орентација, подобрувањето на квалитетот на своите производи исто така ќе продолжи со трендот на рехабилитација на постоечките капацитети, подобрување на работните услови и  инвестиции во нова опрема и посовремена технологија.

    Компанијата ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да добие информации корисни за процесот на одлучување.

    Како што велат од „Факом“ ќе ги преземат сите неопходни активности за прилагодување кон новонастанатата состојба, одржување на квалитетот на производите и изнаоѓање на флексибилни решенија со цел да се одржат и да се негуваат односите со нивните стратешки клиенти и партнери.

    Како најголем предизвик и понатаму останува грижата за нивните вработени во делот на подобрување на работните услови како и зголемување на нивната безбедност, одржување на тековната ликвидност, на финасиската стабилност и остварување на планските задачи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично