
Фискалната стратегија 2027 – 2031 година помина речиси незабележано во јавноста, иако станува збор за еден од најважните економски документи во државата. Според проекциите, јавниот долг останува околу 60% од БДП, но, буџетскиот дефицит и следната 2027 година ќе биде 3,5%, додека вкупниот бруто надворешен долг е околу 70% од БДП. Но дали токму јавниот долг е најголемиот проблем? Универзитетскиот професор Синиша Наумоски смета дека вниманието е насочено на погрешно место. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ објаснува зошто дефицитот е многу важен показател.
„Ние не сме во криза, но сме многу во нелагодна, или не сме баш изразито комотни. Втора теза која ја извлекуваме од Фискалната стратегија, најважна бројка не е јавниот долг, туку најважна бројка е дефицитот… Ако долгот е последицата, причината е дефицитот. Мора повеќе да трошам, како едно семејство, отколку што прибирам приходи, и тоа веднаш ме изложува на одредено дефицитарно ниво. Ете, тука јас би го ставил фокусот. “
Аналитика








