Чарли Мангер, десната рака на милијардерот Ворен Бафет во мултинационалната компанија „Беркшир Хатвеј“, во саботата остро го критикуваше биткоинот нарекувајќи ја криптовалутата „одвратна“ и „спротивна на интересите на цивилизацијата“.
Мангер го стори тоа на годишниот состанок на „Беркшир“.Сè се одвиваше за време на дел од состанокот со прашања и одговори. Бафет го избегна прашањето за криптовалутата, шегувајќи се дека ќе ги налути сопствениците на биткоин доколку го критикуваше.
Мангер, сепак, не беше толку дипломатски. Тој рече дека ги мрази неодамнешните придобивки на биткоинот, тврдејќи дека валутата е „создадена од никаде“ и дека тоа е начин за плаќање на криминалците.
Аналитика








