ПОВЕЌЕ

    Награда од речиси девет илјади евра за тридецениски ангажман во ТТК банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    За 30 одработени години во ТТК банка, поранешен член на Надзорниот одбор доби награда од речиси девет илјади евра.

    Борислав Трповски ова внимание го заслужил со „неговиот позитивен придонес за развојот на банката во стабилен правен субјект во банкарскиот систем“. Со одлука потврдена на акционеркото собрание, од ТТК банка ќе добие износ од 540 илјади денари.

    На Трпковски повеќе не е дел од Надзорниот одбор, а на таа позиција е именувана Евгенија Трпкоска, со мандат до трети април 2025 година.

    „На именуваниот член на Надзорниот одбор му се одобрува награда за ангажирање и учество во седниците на Надзорниот одбор во износ од 45 илјади денари“, наведено е во усвоената одлука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично