ПОВЕЌЕ

    НАФТАТА СЕ ИСКАЧИ НА 106 ДОЛАРИ по заканите на Иран со нови напади врз танкери

    Време зa читање: 3 минути

    Цените на нафтата утринава се искачија повисоко, по веста дека два брода беа погодени во Ормускиот теснец, а ирански претставници за Ројтерс изјавија дека применуваат нови тактики за напади врз бродови, додека Техеран се обидува да ги одржи цените на нафтата високи и да влијае врз изборите на средината на мандатот во САД.

    Фјучерсите на суровата нафта од типот брент пораснаа за 34 центи, или 0,3 отсто, достигнувајќи 106,03 долари за барел до 09:30 часот по саудиско време, додека фјучерсите на американската нафта вест тексас интермидиет забележаа раст од 28 центи, или 0,3 отсто, достигнувајќи 94,42 долари за барел. Двата вида договори бележеа раст од над еден долар во раното тргување.

    Иранските претставници одбија да дадат детали за новата стратегија, но еден од нив изјави дека Иран пред околу 10 дена почнал да користи различни офанзивни тактики против бродови за кои смета дека ги прекршуваат неговите ограничувања, додавајќи дека тоа довело до зголемување на нападите врз таквите пловни објекти.

    Контејнерски брод и танкер беа погодени од непознати проектили во рамките на Ормускиот теснец, соопшти во вторникот британската организација за поморски трговски операции (UKMTO).

    „Фактот што иранските претставници отворено признаваат дека ги поткопуваат напорите на САД за одржување на цените на нафтата под контрола, доволно говори за вистинските намери зад таканаречените ’мировни преговори‘“, изјави Пријанка Сачдева, раководител за пазарни анализи во компанијата „Филип Нова“ (Phillip Nova). „Иран е свесен за своето географско значење и за хаосот што повисоките цени на нафтата можат да го предизвикаат во глобалната економија, па затоа можеби нема да се двоуми да ја искористи оваа предност.“

    Од друга страна, Хутите, сојузници на Иран, нападна аадминистративна зграда на државната нафтена компанија Сауди Арамко во градот Дахран, предизвикувајќи пожар од помал обем, соопшти во средата Министерството за енергетика на Саудиска Арабија.

    Групата во текот на изминатата недела истрела балистички ракети и испрати беспилотни летала кон Саудиска Арабија како одмазда за поддршката што Кралството ја дава на јеменските владини сили. Меѓународниот аеродром во Ријад беше погоден четири пати, при што во еден напад во саботата загинаа 13 лица. „Загриженоста за снабдувањето, која произлегува од конфликтот меѓу Хутите и Саудиска Арабија, ги турка цените нагоре“, изјави Хиројуки Кикукава, главен стратег во „Nissan Securities Investment“, дел од компанијата „Nissan Securities“. „Сепак, очекувањето дека зголемениот извоз на руски дизел ќе ја ублажи затегнатоста на пазарот веројатно ќе ги ограничи наглите движења на цените во која било насока“, рече Кикукава, предвидувајќи дека цената на нафтата WTI ќе се движи меѓу 90 и 100 долари за барел.

    Минатиот месец, Саудиска Арабија го зголеми производството на нафта и покрај прекините во испораката предизвикани од конфликтот меѓу САД и Иран. Тоа доведе до нагло зголемување на производството од страна на ОПЕК+ — Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините партнери, вклучително и Русија — соопшти ОПЕК во вторникот.

    Во Русија, владата во вторникот изјави дека не гледа никаква директна врска меѓу мировните преговори со Украина и договорот за извоз на дизел во САД.

    Оваа изјава уследи откако Ројтерс објави дека американски претставници во петокот им кажале на украинските власти оти договорот е дел од обидот Русија да се врати на преговорите за постигнување мировен договор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично