ПОВЕЌЕ

    Измени во Надзорниот одбор на НЛБ Банка

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка преку Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката.

    „Ве известуваме дека на ден 23.10.2020 година, Г-ѓа Хедвика Усеник, член на Надзорниот одбор и Претседател на Одборот за ревизија поднесе оставка во која е наведено дека ќе продолжи да ги извршува функциите во овие одбори се до издавање на претходна согласност од страна на Народната банка на Македонија за кандидатот за член на Надзорниот одбор Г-дин Борут Вујчич” – се вели во соопштението на Банката.

    На 11.03.2021 година, Народната банка на Република Македонија издаде претходна согласност со која Г-дин Борут Вујчич е именуван за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, стои во соопштението на Банката.

    Надзорниот одбор на НЛБ Банка во моментов го сочинуваат:

    • Блаж Бродњак – Претседател на Надзорен одбор
    • Марјета Звер Цанкар – Заменик претседател на Надзорен одбор
    • Борут Вујчич – Член на Надзорен одбор
    • Кристина Ковачич Бјелајац – член на Надзорен одбор
    • Зоран Јовановски – Независен член на Надзорен одбор
    • Матеја Тревен – Независен член на Надзорен одбор
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично