ПОВЕЌЕ

    Министерство за финансии: За ЕСМ обезбедени поволни 100 милиони евра од ЕБОР

    Време зa читање: 2 минути

    Сто милиони евра за поддршка на ЕСМ се обезбедени од Европската банка за обнова и развој. Овие, како што се наведува, поволни средства, се во рамките на активностите за справување со енергетската криза, а вчера поддршка била дадена и од Собранието, соопштија од Министерството за финансии.

    Конкретно, исполнет е предусловот за потпишување на договорот меѓу ЕБОР и АД ЕСМ – да се донесе Законот за гаранција на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје. Со тоа се обезбедуваат 100 милиони евра за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ, со цел натамошно стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија на граѓаните и компаниите.

    Рокот на отплата на средствата е пет години со грејс период од шест месеци и варијабилна каматна стапка што се состои од шестмесечен Еурибор зголемен за маргина од 1 процент, посочуваат од Финансии. Според нив, ова е продолжение на владините мерки за справување со енергетската криза и финансиската поддршка од Буџетот за да се обезбеди субвенционирана цена за домаќинствата и редовно снабдување со електрична енергија. А, „овие исклучително поволни средства ќе бидат дополнителна поддршка на тие активности“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично