ПОВЕЌЕ

    Мицкоски: Со „Бехтел и Енка“ имаме дијалог, затоа има и напредок во градежните работи на терен

    Време зa читање: 2 минути

    Во четирите изминати месеци откако е формирана Владата, а во споредба со претходните две години, на теренот се направени двојно, тројно повеќе работи, со што реалност е дека Македонија ќе биде држава домаќин на три крстосници – транспортна, железничка и енергетска, оцени премиерот Христијан Мицкоски, по извршениот увид во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани, која е дел од Коридорот 8.

    „За нас ова претставува значаен момент, бидејќи буквално по две години ветувања и празни муабети денеска конечно може да се види нешто што треба да претставува дел од оној сон којшто го имаме како Влада, а тоа е како нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници. А тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска“, изјави Мицкоски.

    Државата не излегува на море и тој недостаток треба да го направиме наша предност,  рече премиерот, „бидејќи сме природна крстосница на два многу значајни коридори, Коридорот 8 и Коридорот 10“.

    Воедно, најави дека во сабота, како што се договара со одговорните лица од компанијата „Бехтел“, односно конзорциумот „Бехтел и Енка“, ќе ја посетат и делницата помеѓу Прилеп и Битола, каде што исто така се одвиваат градежните активности.

    „Овие преговори заедно со раководството на компанијата Бехтел започнаа уште при оние контакти во Вашингтон, кога бев на Самитот на НАТО, а продолжија тука. Кога има дијалог, кога ќе се разговара, може да се постигне и напредок“, истакна Мицкоски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично