Мекдоналдс со месеци се обидува да го разгори ентузијазмот кај клиентите, откако се соочи со негативни реакции поради зголемувањето на цените, особено од домаќинствата со пониски приходи. Сепак, приходите во американските „Мекдоналдс“ продавници кои се отворени најмалку една година се намалија за 3,6% во првите три месеци од 2025 година во споредба со претходната година.
Тоа е најстрмниот пад на продажбата во САД од трите месеци до крајот на јуни 2020 година, кога беа во сила ограничувањата поради пандемијата.
Некогаш најпопуларниот синџир за брза храна во Америка, со продажба на над 300 милијарди бургери до 2013 година и 6,5 милиони до почетокот на оваа година, се чини дека „Мекдоналдс“ повеќе не е „мој тип на место“, бидејќи неговата продажба претрпе најзначаен пад од врвот на пандемијата Ковид-19.
Причината? Американците се загрижени за американската економија со Доналд Трамп на чело, наметнувајќи царини за кои дури ни тој не разбира дека ќе им наштетат на потрошувачите во земјата повеќе отколку на извозниците, кои ги зголемуваат цените за да ги покријат дополнителните давачки.
И покрај тематската понуда на компанијата поврзана со филмот Мајнкрафт и попустите и понудите чие времетраење се продолжува, клиентите направија помалку посети на најголемиот синџир за бургери во светот во првите три месеци од оваа година, во споредба со 2024 година, според извештајот на Би-Би-Си.
Главниот извршен директор Крис Кемпчински вели дека клиентите „се борат со неизвесност“, но ги увери инвеститорите дека вториот по големина синџир за брза храна во светот може „да се снајде дури и во најтешките пазарни услови“. Мекдоналдс беше симнат од престолот како крал на синџирите за храна од страна на кинескиот „Миксју сладолед и чај“ претходно оваа година.
„Бројките на Мекдоналдс се поклопуваат со првите два месеци од претседателствувањето на Доналд Трамп, а периодот на известување завршува непосредно пред неговата навала од најави за царини на 2 април“, напиша Би-Би-Си.
Кемпчински изјави за Би-Би-Си: „Потрошувачите денес се борат со неизвесност, но секогаш можат да сметаат на „Мекдоналдс“ за исклучителна вредност“.
Трамп и неговите соработници продолжуваат да апелираат кај Американците да му веруваат нему и на неговите политики, за кои инсистираат дека ќе донесат повеќе работни места во САД, бидејќи фирмите ги насочуваат фабриките и операциите во земјата за да ги избегнат новите царини на претседателот.
Сепак, многу компании, економисти и населението не се премногу убедени. Сите тие веруваат дека неговите планови ќе бидат тешки за спроведување и ќе се претворат во губење на работни места и економски проблеми, барем на краток рок.